Рајс во Израел
15 октомври 2007Реклама
Американската министерка за надворешени Кондолиза Рајс повторно допатува во Израел поради подготовките за планираната блискоисточна мировна конфренција за ноември. Се среќава со израелскиот премиер Ехуд Олмерт и министерот за одбрана Ехуд Барак. Рајс сака да го натера израелското и палестинското раководство уште сега да се согласат на заедничка декларација која би била основа на конференцијата. Главните спорни точки се границите на палестинската држава, статусот на Ерусалим и судбината на палестинските бегалци.