Рајс во Израел
26 јули 2006Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека ќе продолжат воените дејствија и нагласи дека Израел ќе го користи правото на самоодбрана. Слични тонови можеше да се слушнат и од заменик премиерот Шимон Перес во израелскиот парламент:
„ Израел не се бори заради тоа што му е цел Либан туку зошто е нападнат. Оттука цел во оваа војна е одбивање на нападите и тука победата нема алтернатива„
Кондолиза Рајс и Ехуд Олмерт јасно ставија до знаење дека еден од предусловите за мир е разоружување на Хезболах и ослободување на киднапираните војници. Рајс нагласи дека примирјето мора да има траен карактер:
„Немам желба да се вратам тука за три недели, три месеци или пола година. Доколку екстремистите повторно се обидат на свој начин да го уништат мирот„
Оваа изјава изјава израелските медиуми ја посматраат како поддршка на политиката која ја спроведува сегашната израелска влада. Шимон Перес упште еднаш повтори кого Ерусалим го смета за одговорен за војната:
„ Ајатоласите во Иран и нивните слуги во Хезболах сакаат да го нападнат и да го уништат Израел. Тоа е залудно, бидејќи нема да се случи. Хезболах ќе биде осуден од мнозинството држави, а и од арапските земји. Хезболах е срам за религијата, носи смрт и не го уважува човечкото достоинство„ смета Перес