Растеж во Германија и во 2007 година
14 декември 2006Реклама
Позитивната вест пред крајот на оваа година ја соопшти институтот за светска економија од Кил кој за наредната година скоро сензационално ја промени прогнозата за стопанскиот растеж на Германија во наредната година. Експертите проценуваат дека тој ќе изнесува 2,1 проценти што е двојно повеќе од претходната прогноза. Значи, и покрај зголемувањето на данокот на додадена вредност од 1 јануари 2007 година од сегашните 16 на 19 проценти, според проценката на експертите инвестициите на фирмите и приватната потрошувачка и натаму ќе растат. Освен тоа, значително ќе се подобри и ситуацијата на пазарот за работа, сметааат во ИФО институтот.