Продолжи судењето на Бошковски и Тарчуловски во Хаг
9 мај 2007Реклама
Во Хашкиот трибунал продолжи судењето на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски со испрашување на вториот сведок од селото Љуботен. Одбраната на двајцата македонски државјани и за вториот сведок докажуваше дека изјавите дадени претходно и оние што ги дале пред судот се делумно или целосно различни.
Судењето на Бошковски и Тарчуловски почна на 16 април со воведно излагање на обвинителството за случувањата на 12 август 2001 година во Љуботен. Во судската постапка ќе бидат сослушани 96 сведоци.