1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Презентиран драфт извештајот на ЕК за Македонија

18 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bs5m

Европската комисија и го презентираше на Македонија драфт извештајот за напредокот на земјата. Ова синоќа го соопшти Секретаријатот за европски прашања, по вчерашните редовни консултации меѓу вицепремиреката Коневска Трајковска со еврокомесарот за проширување Оли Рен. Не се наведени детали за содржината на извештајот кој официјално ќе биде презентиран на 6 ноември. Од средбата се дознава дека Рен истакнал оти е забележан напредок, но изразил разочарување од застојот во политичките реформи, особено поради неможноста да се додјде до компромис за клучни прашања.

Македонија очекува објективен извештај на ЕК за напредокот на земјата, се наведува во соопштението.