Постои напредок за подобрување на животот на Ромите во Европа
8 октомври 2007Декадата на Ромите 2005 – 2015 година е декларација потпишана од десетина земји и опфаќа повеќе активности во образованието, вработувањето, здравството и домувањето. Целта е Ромите целосно да се интегрираат во општеството, да се елимира дискримнацијата и јазот меѓу ромското и неромското население. Најголем напредок во сите земји е постигнат во сферата на образованието. -Образованието е една од најнапредините области, во кое се постигнати најмногу резултати. Унгарија е најнапредна со тоа што има систематски интегрирана политика во областа на образованието, финансирана од државата. Сите приоритети се вклучени - вели Александар Бојаџиева.
Во Македонија најпроблематичен е напредокот во здравството, особено поради слабостите во овој сектор и специфичните услови во кои живеат Ромите. Слабостите ги набори Драгана Митровиќ од невладината Рома 2002 - Не посотои закон за антидискриманција, за еднакви можности, ниту за десегрегација. Нема владини мерки за работни квалификации и промоција на Ромите на пазарот на трудот, како ниту за самовработување и микро финансирање. Агенциите за вработување имаат сервиси и програми за мотивирање на вработувањето и обука на невработени лица, меѓутоа тие се општи програми и не се специфично наменети на Ромите како посебна целна група.
И покрај напредокот, декадата сеуште не ја постигнала точката што гранатира успех, е констатирано во извештајот. Според рангирањето, најнапредна во однос на правата на Ромите е Унгарија, а по неа на значително растојание следуваат Бугарија, Словачка, Чешка, Хрватска и Романија. Македонија и Србија заостануваат главно поради тоа што се потпираат на мерки финансирани од донатори.