Полт-одлука за Косово до крајот на летото
20 април 2007Реклама
Американскиот амбасадор во Белград Мајкл Полт ја пренесе решеноста на САД во Советот за безбедност на ОН да биде донесена Резолуција за Косово до крајот на летото. Тој најави интензивни разговори со сите членки,вклучувајќи ја и Русија.
Косовскиот премиер Агим Чеку изјави денеска дека нема да има нови преговори за Косово без оглед на ставовите на Србија и на Русија.Тој очекува посетата на делегацијата на ОН на Косово да биде поттстрек за забрзување на донесувањето одлука.