1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка од Италија за Македонија

29 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJG

Италија ќе се заложи Европската Комисија наесен да препорача Македонија да добие датум за преговори во 2008 година, му посочил италијанскиот министер за надворешни Масимо Далема на средбата со македонскиот колега Антонио Милошоски во Рим. Во однос на интегрирањето на НАТО, Далема изјавил дека Македонија во 2008 има сериозни шанси за членство. Милошоски побарал и олеснување на визниот режим.