Перес и Абас говорат во турскиот парламент
13 ноември 2007Реклама
На Западниот брег треба да се основа заедничка израелско-палестинско-турска економска зона. Договор за ова денеска потпишаа претседателите на трите земји Шимон Перес, Махмуд Абас и Абдула Ѓул во Анкара. На заедничката прес конференција Перес и Абас изјавија дека имаат воља да биде успешна претстојната Блискоисточна мировна конференција која треба да се одржи во САД. Двајцата државници денеска имаат обраќање во турскиот парламент.