1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Панихида за загинатите во Вејце

28 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag9R

Денеска во Тетово во Соборната црква беше отслужен молебен за загинатите осум припадници на македонската армија и полиција убиени на денешен ден пред шест години кај селото Вејце на Шара.На поменот покрај семејствата присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски.

Вечер во Тетово ќе биде одржана седница на Централниот комитет на владеачката ВМРО ДПМНЕ.

Во Тетово министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за Дојче веле изјави дека се надева на брзо завршување на политичките разговори со опозиционата ДУИ и враќање на нивните пратеници во парламентарните клупи.