Осуммина противници на Путин прогласени за виновни
21 февруари 2014Обвинителството за осумтемина противници на Путин бара казна од 5 до 6 години во работен логор (на фотографијата - осудените Сергеј Удалцов и Леонид Расвошаев). Тие се прогласени за винови поради тоа што на 6 мај 2012 година учествувале на масовни демонстрации против Владимир Путин. Тоа беше денот пред Путин да биде по трет пат инаугуриран на функцијата претседател.
Според обвинителството, критичарите на Кремљ на плоштадот Болотнаја во Москва поттикнувале на насилство против полицијата. Противниците на власта пак, тврдат дека насилството почнало од страна на безбедносните сили.
Борците за човекови права сметаат дека судската постапка била политички процес каков што немало во поновата историја на Русија. Тие оценуваат дека процесот треба да биде предупредување до противниците на Путин дека тој не дозволува никаков отпор против неговото владеење.
Пред зградата на судот денеска (21.02) беа собрани околу 1000 поддржувачи на обвинетите. Демонстрантите извикуваа „Срамота“ и „Слобода за политичките зтавореници“. Притоа, дојде и до кошкања со припадниците на силите за ред. На демонстрациите пред зградата учествуваа и две членки на панк групата Пуси Рајот, како и критичарот на Путин, Алексеј Навални.