Нови апсења во истрагата за осуетените напади во Лондон
6 јули 2007Реклама
Во истрагата за осуетените напади во Лондон и Глазгов, уапсени се уште четворица лекари во Австралија. Во две болници во Перт и Калгорли се запленети и неколку компјутери каде има доказен материјал за планираните акции, соошти полицијата. Како и претходниот доктор, и новите уапсени лица се од индиско потекло. Четворица од нив работеле и во болници во Велика Британија и имале контак со останатите обвинети во случајот.