Нова рунда преговори за статусот на Косово
14 октомври 2007Реклама
Во Брисел денеска ќе се одржи нова средба на врвни политички претставници на Србија и на Косово во рамките на барањето решение за идниот статус на досегашната српска покраина. Со средбата ќе раководи таканаречената “тројка” за Косово, составена од претставници на ЕУ, Русија и САД.
Европските дипломати се скептични во однос на можноста за приближување на дијаметрално спротиставените позиции. Косово, кое сега е под управа на ОН, стриктно се стреми кон независност и не го прифаќа понудениот авотномен статус, додека Србија категорично одбива независност на покраината.