Неизвесност за германските преставници во купот на УЕФА
1 декември 2006Реклама
Два германско турски дуела ќе решаваат дали Германија напролет ќе има свои преставници во купот на УЕФА. Ајнтрахт Франкфурт по синоќешните 0:0 против Њукасл, во последното коло ќе мора да победи против Фенербахче. Истата задача ја има и Баер Леверкузен во дуелот против Бешикташ.
Хулиганскиот однос на холандските навивачи беше причина за прекин на натпреварот Нанси Ротердам во 79 минута при резултат 3:0 за францускиот преставник. Полицијата мораше да интервенира и со солзавец да ги смирува насилниците кои на теренот фрлаа столчиња од трибините. Натпреварот подоцна беше продолжен.
Во останатите синоќешни дуели беа постигнати следниве резултати.
Селта Виго Фенербахче 1:0, Висла Краков- Базел. 3:1, Ајакс- Еспањол 0:2, Австрија Виена-Спарта Прага 0:1, Млада Болеслав- Парис Сен Жермен 0:0. Идентично беше и на дуелот меѓу Панатинаикос и Рапид Букурешт.