На Македонија и е потребно демократско прегласување
11 јуни 2008Реклама
Владата, полицијата но и партиските лидери ја имаат одговорноста да спроведат демократско прегласување во недела на 15 јуни. Од тоа ќе зависат и евроатланските шанси на земјата, велат дипломатите во Скопје. И холандскиот претставник во Македонија проценува дека премиерот и минисерката за надворешни работи имаат специфична одговорност во организацијата на неделните прегласувања.
Во петок македонскиот државен врв ќе разговара и со словенечкиот министер за надворешни работи Димитри Рупел, како преседавач со ЕУ.