Наша цел не е Русија
23 февруари 2007д мал и среден дострел.
„Русија не е нашата цел„.
Ова го повторуваа како Даниел Фрид, директор во американското министерство за надворешни работи, така и генерал Хенри Оберинг, шеф на американските ракетни власти, на прес конференција во Вашингтон. Руските реакции многу го изненадиле, изјави Фрид:
„Имаме компликувани односи со Русија. Во некои подрачја работиме заеднички и би сакале таа соработка да се прошири, но во други имаме проблеми. Меѓутоа, САД се во состојба колку што е можно потесно да се соработува со Русија дури и во подрачјата за кои постојат разлики„.
Генерал Оберинг изјави дека постојано ги информираат како сојузниците, така и Русија:
„Јас лично го информирав советот на НАТО, како и советот НАТО – Русија, лично го информирав генерал Балујевски во Москва, се сретнав со генералштабот и со министерот за одбрана Иванов. Им објаснивме што правиме„.
Инаку, причина за тоа да се инсталираат ракети на европско тло е да се штитат сопствените и војниците на алијансата и пријателските земји од можните напади од држави како Иран или Северна Кореја. Оттаму, американскиот ракетен систем за одбрана треба да се посматра како одбрана на Европа. Полска и Чешка се избрани за да се покрие што поголемо подрачје. Притоа, како што изјави генерал Оберинг, можна е заштита и на делови од Русија, но како е реагирано до Москва не рече ништо.