МВР- Приведени девет лица по вчерашните настани во и околу македонскиот парламент
26 септември 2007Реклама
Македонското министерство за внатрешни работи соопшти дека при вчерашните немили настани во и околу Собранието привела девет лица поради поседување огнено оружје и напад врз службено лице. По вчерашната физичка пресметка меѓу пратеници од ДУИ, ПДП и ДПА во Собранието и околу него беше забележано присуство на лица од обезбедувањето но и приврзаници на овие партии. Некои од нив се судрија со мобилните полициски единици „Алфи“ .