Македонските војници одликувани за ангажманот во Ирак
25 јануари 2007Меѓу наградените македонски војници е и командантот на шестиот контингент во мисијата во Ирак, кој на градите доби бронзена ѕвезда, четврото највисоко одличје за искажана борбена храброст што се доделува во американската војска. Останатите војници и старешни добија модел за пофалба и медал за достигнување.
За улогата на бројчано малите контингенти на АРМ во Ирак, но со големи успеси на теренот, американската амбасадорка во Македонија Џилијан Миловановиќ со оценката: „ Вашата асистениција и партнерство изразени со човечко израсување ја определуваат брзата транзиција на Македонија од корисник во произведувач на безбедноста.“ рече Миловановиќ и додаде дека Македонија е еден од најсигурните и најстари партнери на САД во Ирак.
Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски смета дека Македонија е исклучителен актер во колаициските сили во Ирак и посебно во меѓународното семејство на деморкатски држави - „Нашата контрибуција може во целата таа рамка на целата операција е мала, меѓутоа тоа како држава што го даваме е навистина исклучително позитивно, тоа е ценето од нашите партнери, секако дека и нашите партнери тоа во секоја прилика го истакнуваат.“ вели министерот Еленовски
Но каква е вистинската ситуација во Ирак, колку е таму опасно за македонските и другите војници од анти терорстичката коалиција. Какви се импресиите на војнциите кои штотуку се варатија од Ирак?
Првата реакција е дека таму е пеколно жешко и постојано опасно, дека Ирак има шанси за мирна разврска доколку ирачката армија полека почне да ја презема контролата во свои раце „Опасноста те демнее секој ден, 24 часа седум дена во неделата. Затоа велам дека мора да сте професионален, секогаш трезвено да се пресметуваат сите постапки за да се процени ризикот односно последиците од моменталната ситуација. “ вели за Дојче Веле еден од 40 специјалци. На таа оценка неговиот колега сосема смирено објаснува дека и во такви околности македонските војници имале добар прием кај обичните Ирачани „Во зоната каде што дејствувавме, мислам дека оставивме добар впечаток кај народот. Кога ќе спомневме Македонија, народот има некој респект и почит. Воглавно тоа е добар народ на кој му треба слобода“ вели уште еден од одликуваните специјалци на АРМ кој од безбедносни причини сакаа да останат анонимни.