Македонија маршира за толеранција
16 ноември 2009Реклама
Организатор на маршот е Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и ЦИВИЛ, според кој денешниот ден е можност да се проговори и дејствува против дискриминацијата од секаков вид.
Тие апелираат македонската влада да го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација, а политичките партии, институциите, образованите кадри, верските заедници, граѓанските организации и медиумите да ги промовираат толеранцијата и недискриминацијата во своите средини и да ги почитуваат приниципите кои на човештвото му гарантираат подобра иднина, наспроти предрасудите, омразата, непочитувањето, понижувањето и насилството.
Автор: ЖА/АТ/миа