Македонија – закон за образование
17 април 2007Реклама
Македонското Собрание на денешната седница го усвои Законот за менување и дополнување на Законот за основно образование. Согласно промените предметите веронаука и историја на религијата ќе бидат изборни во петто одделение и тоа од учебната 2008/2009-та година. А во шесто одделение учениците ќе можат да бираат меѓу етика и граѓанска култура.