Македонија е подготвена за НАТО
30 април 2009Реклама
Роберт Симонс, помошник на генералниот секретар на Алијансата за политичка соработка и безбедност, кој ја предводеше политичко ексертската екипа денеска( 30.04.2009) во Скопје изјави:
„Основното решение од Букурешт останува. Владите на НАТО тоа го потврдија и на последниот самит во Стразбур и Кел, Македонија може да биде примена во НАТО штом ќе го реши проблемот со името.“
„ Во врска со зачленувањето во НАТО, ја искажавме нашата подготвеност да продолжиме со дијалогот кој го имаме со Република Грција под покровителство на ОН“, изјави македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.
Во Скопје се очекува во проштална посета и генералниот секретар на Алијансата, Јаап де Хоп Шефер.
Автор: Александар Чомовски
Редактор: Жана Ацеска