Лавров-директни преговори за Косово
15 ноември 2007Реклама
Русија е против еднострана независност на Косово, затоа што стравува од последиците за регионот, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по средбата со неговиот словенечки колега Димитриј Рупел. Лавров се заложи и директните преговори меѓу Белград и Приштина да не се ограничуваат. Шефот на словенечката дипломатија Рупел истакна дека приближувањето на Србија кон ЕУ и статусот на Косово се одвоени прашања. Словенија според Рупел ќе се заложи за Европската унија да го задржи единството во врска со косовското прашање.