Красниќи не го сака Харадинај за премиер
29 декември 2012Красниќи, кој е актуелен генерален секретар на владеjачката Демократска партија на Косово, и е единствен политичар кој јавно ги критикува институциите и партијата чиј член е, смета дека влезот на Рамуш Харадинај во Владата е нелогичен, кога „се знае дека во времето кога владата била на Алијасата за иднината на Косово имало многу скандали“.
Красниќи во интервју за весникот „Зери“ оценува дека дебатата за можна коалиција е со цел да се отргне вниманието од реалните проблеми кои ги има Косово и од скандалите кои ја деградираа земјата.
Тој продолжува да го критикува инсталирањето на недемократски струи во редовите на Демократската партија, додавајќи дека тука се приближуваат луѓе со одредени интереси и оти луѓето визонери се елиминираат.
Красниќи оценува дека влегувањето на Кадри Весели е само официјализирање на неговата власт внатре во партијата и оти тој имал големо финасиско влијание во изборот на луѓето во Владата.
Според Красниќи, Весели не може да донесе промени во ДП. Тој е категоричен дека има голем број незадоволни во ДП, но оти се плашеле да зборуваат отворено.
Незадоволството со случувањата во партијата, кај Красниќи е присутно подолг период а односите, според весникот, со премирот Тачи се замрзнати. Тој деновиве не ја отфрли можноста да формира нова политичка партија од членови на Демократската партија.