1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој ќе биде германски првак во фудбал?

B.Wüst30 април 2007

Шалке загуби, Вердер загуби, Баерн загуби, Штутгарт слави. Многумина експерти си ги тријат очите: токму Штутгарт покажа најсилини нерви. Во германското фубалско првенство во последните три кола идниот првак ќе се бара меѓу три клубови.

https://p.dw.com/p/Aeg8
Ќе биде возбудливо до крајот
Ќе биде возбудливо до крајотФотографија: AP

Отако Шалке уште во петокот загуби од Бохум со 2 спрема 1, Штутгарт го искористи моментот и ја победи на гости Борусија од Менхенгладбах со 1 спрема 0. Вердер вчера можеше да го преземе водството на табелата, но ги загуби нервите и замина со пораз во одличниот натпревар од Билефелд со 3 спрема 2. Меѓутоа, за Бремен се уште не е ништо загубено, смета менаџерот на клубот Клаус Алофс:

“Се е можно. Еден нерешен натпревар, еден пораз и се ќе се заврти. Значи, возбудливо е, само мене ми е малку премногу возбудливо, зашто можевме да ја завршиме работата и да се најдеме на врвот на табелата“.

Повозбудливо и не може да биде: Шалке останува прв, еден бод зад него демне Штутгарт, два бода помалку до врвот има третиот Вердер. Сите можат да бидат прваци, но најнеоптоварен се чини е Штутгарт. Неговиот тренер Армин Фе:

“Секако имам многу млади играчи, но многу интелигентни момчиња, па не постои опасност да се најдат во други сфери. Се разбира важно е да ја задржиме концентрацијата, со извесно спокојство“.

Во меѓувреме, седум бода зад Вердер, на четвртото место е закопан Баерн по поразот дома од Хамбург со 2 спрема 1. Менаџерот Ули Хенес веќе планира за купот на УЕФА и трага по нови играчи:

“Едно е многу јасно: со ваква екипа какво што имаме сега, нашата публика во идната сезона нема да доаѓа на стадионот“.

Опстанок во лигата обезбеди Котбус, кој вчера дома го совлада Баер од Леверкузен со 2 спрема 1, подеднакво како и Берлин кој го совлада Ахен на негов терен со 4 спрема 0. Дортмунд славеше против Франкфурт со 2 спрема 0 и сега има пет бода предност од местото за напуштање на лигата. И покрај победата над Вердер од 3 спрема 2, Билефелд останува акутен кандидат за излегување. Неговиот тренер Ернст Мидендорп:

“Вкупно, голем комплимент за тимот и публиката. Заедно сме на вистинскиот пат, но укажувам на тоа дека ни е потребен уште некој бод за да останеме во првата лига“.

Во лигата радо би останал и Мајнц, но загуби дома против Хановер со 2 спрема 1 и останува со три бода минус подалеку од брегот на спасот. На шеснесеттиот Ахен му недостига еден бод до местото што обезбедува опстанок, на кое сега се наоѓа Франкфурт. На опашката и веќе иден второлигаш е Борусија од Менхенгладбах.

Од другите настапи на германските спортисти:

Најуспешната година во историјата на германскиот ракомет е перфектна: три месеци по освојувањето на светската титула, на екипите на Кил, Магдебург и Хамбург во супер-неделата им успеа историски хет-трик. Во чисто германското финале на купот на шампионите, Кил го совлада Фленсбург со 29 спрема 27. Магдебург, со победата над шпанската екипа Арагон го освои престижниот ЕХАЕФ куп. Тројниот успех го комплетира Хамбург кој и покрај поразот од 37 спрема 33 од Адемар Леон, поради повеќе постигнати голови на гости, го освои купот на победниците на националните купови.

На светското првенство во хокеј на мраз во Москва, германската екипа за малку пропушти да направи сензација. Во финишот загуби од повеќекратниот светски првак Канада со 3 спрема 2, па со поголема самодоверба го очекува наредниот противник: Словачка.