Косово- решението за независност не придонесува за стабилност
25 октомври 2007Реклама
Српската влада ја предупреди ЕУ дека признавањето на еднострано прогласената независност на Косово би значело кршење на меѓународното право и би било преседан, кој ќе ја стави во опасност стабилноста на целиот регион.
Дипломатски извори од ЕУ и Германија деновиве најавија можност за признавање на Косово, во случај на пропаѓање на преговорите за статусот кои се водат меѓу Белград и Приштина.