Комисија за лов на китови
29 мај 2007Реклама
На почетокот на годишното заседание на Меѓународната комисија за контрола на ловот на китови Јапонија повторно побара укинување на забраната. Мораториумот на лов на китови од 1986-та година може да биде укинат само со три четвртинско мнозинство гласови од вкупно 75-те земји членки на Комисијата. Според очекувања на познавачите, Јапонија нема да увери доволен број членки ни на актуелната средба во Аљаска.