Кина и тајванската опозиција си подадоа рака
29 април 2005Спротивставените страни од времето на цивилната војна во 1949 година , на двочасовниот состанок во кинеската претстолнина, се договорија да соработуваат како и да вложат напори да се спречи воениот конфликт на Тајванскиот теснец.
,, Тоа што стапнавте на кинеска територија е историски чекор за двете партии. Вашата посета е најважниот настан во историјата на нашите односи. Тоа исто така значи една обврска за подобра соработка меѓу двете страни во однос на Тајванскиот теснец“, рече Џинтао, кој во Кина ја предводи Комунистичката партија.
,, Верувам дека вратите сега се отворени за да продолжиме да градиме нови односи, посочи тајванскиот опозициски лидер Лиен Чан , кој воедно ја повика Кина да спроведе политичка реформа.
,, За брзината и темпото на политичките реформи во земјата се уште има простор за нивно подобрување. И покрај тоа, ние во изминатите години се обидувавме да се приближиме. Тоа е историста тенденција,, посочи шефот на Куомитан.
Двете партии се договорија и да соработуваат на економски план. Тајванската опозиција почна интензивно да се приближува кон Кина откако таа во март го донесе антисецесионистичкиот закон, што и дава право да го нападне Тајван доколку островот се обиде да постигне незавиност.