1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори во САД: Трамп во водство

БГ
9 ноември 2016

Републиканскиот претседателски кандидат е на чекор до победа на изборите во САД. Трамп води според вкупниот број на освоени гласови и успеа да однесе неколку клучни држави

https://p.dw.com/p/2SNzT
USA Präsidentschaftswahl Wahlparty der Demokraten in New York
Фотографија: Reuters/A. Latif

Доналд Трамп освои важни победи над Хилари Клинтон во државите Флорида, Охајо и Северна Каролина во три од четирите клучни држави на едни од најтесните изборни трки во историјата на САД. 
Ниту еден од двајцата кандидати засега нема чист пат до потребните 270 делегатски гласови. Како клучни можат да се покажат Мичиган и Висконсин, двете држави од Средниот запад кои не избрале републикански кандидат од 1980-те години. Кампањата на Клинтон ги сметаше и двете држави за сигурни, па им посвети внимание дури во последните денови. 
Несигурноста околу изборниот резултат ги шокираше и берзите: азиските претрпеа големи загуби, додека Дау Џонс оди надолу. Дури и големите обложувачки куќи драматично ги намалија коефициентите за победа на Трамп, и тој според нив, сега е голем фаворит.  
Додека светот со нетрпение ги чека резултатите, Клинтон им твитна на своите поддржувачи: „Што и да се случи вечерва, ви благодарам за се“. 
Клинтон се надеваше дека ќе стане првата жена претседател на САД. Но, соочувањето со милијардерот Трамп, кој се обиде да профитира со економски популизам, не оди според планот.  
Излезните анкети ги потврдија длабоките поделби кои ги дефинираа изборите во 2016. Жените мнозински ја поддржаа Клинтон, додека мажите му ја дадоа довербата на Трамп. Повеќе од половината од белците гласаа за републиканецот, додека 90 отсто од црнците и две-третини од Хиспанците гласаа за демократката. 
На паралелните избори за Конгресот и Сенатот, излезните анкети предвидуваат убедлива победа на Републиканците. 

USA Präsidentschaftswahl Donald Trump
Доналд Трамп е многу блиску до Белата КуќаФотографија: Getty Images/AFP/M. Ngan