ЕУ Косово
12 јули 2007Реклама
За Европската унија е прифатливо продолжение на преговорите за идниот статус на Косово во траење најдолго од шест месеци, изјави денеска во Виена министерот за надворешни работи на Португалија и претседавач со Унијата Филипе Амато. Португалскиот министер смета дека решавањето на косовското прашање во моментов е најголема грижа за Европската унија. Амато во Виена уште и нагласи дека за време на претседателствувањето на Португалија со ЕУ најголемо внимание ќе му биде посветено на прашањето за европска интеграција на Западен Балкан.