ЕУ ги интензивира односите со Украина
24 јануари 2005ен ред.
Политиката на добрососедство ги подразбира сите неопходни услови, за односите со Украина што повеќе да напредуваат, како на економски, така и на политички план, соопшти Ема Адвин, портпаролката на еврокомесарката за надворешна политика Бенита Фереро Валднер. Сепак, предупреди таа, политиката на добрососедство не значи и политика на проширување на Унијата, односно во никој случај не го подразбира прашањето за идните европски перспективи на Украина.
Целта на предлозите што заедно ќе ги поднесат Валднер и високиот европски претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, е да се покаже одлучноста на Европската Унија да се извлече максимумот од програмите преку кои, наредниот период, Киев ќе соработува со високите европски претставници.
Соработката во областа на економијата е првата врата што Европа ќе и ја отвори на Украина. Од Брисел најавија дека Унијата ќе почне преговори со Киев за извоз на челик во 2005-та година, како и дека ќе се забрза работата околу потпишување спогодба за слободна трговија.
Економската соработка, како и идните европски перспективи на Украина ќе бидат главна тема на разговорите меѓу Виктор Јушченко и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо. Новиот украинаски претседател веќе ве четврток патува на средби во седиштето на Унијата во белгиската претстолнина.