1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – Балкан - Србија

3 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BC7Q

Шефовите на дипломатии од Регионалното партнерство денеска во Братислава ги разгледуваат можностите за што поскорешно интегрирање на Западниот Балкан во ЕУ. Министрите за надворешни работи на Австрија, Полска, Чешка, Унгарија, Словачка и Словенија се очекува да разговараат и за европската перспектива на Србија по решавањето на статусот на Косово. Тема на средбата се и визните олеснувања за граѓаните од Западниот Балкан, откако наредната година сите спомнати земји од регионаланата соработка ќе влезат во Шенгенскиот простор.