1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ескалацијата на Блискиот исток централна тема на Самитот на Г8 во Москва

17 јули 2006

По неколкучасовни преговори, шефовите на држави и влади на Г8 се сложија околу завршната декларација во врска со ситуацијата на Блискиот Исток. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е ова силна заедничка порака со јасна содржина.

https://p.dw.com/p/Ae03
Г8 со усогласен став околу Блискиот Исток
Г8 со усогласен став околу Блискиот ИстокФотографија: AP

„Барањата на државите Г8 на самитот во Москва гласат: израелските војници киднапирани во Иран мора да бидат ослободени. Мора да престанат ракетните напади врз Израел, но и Израел мора да ги запре своите напади.

Имајќи го предвид драматичниот развој на настаните на Блискиот Исток, лидерите на Г8 бргу се усогласија околу заедничката порака со јасна политичка содржина – не сакаме да им дозволиме на терористичките сили ниту на оние кои ги поддржуваат да добијат шанса да направат хаос на Блискиот Исток. Затоа ни е многу важно да јасно да се каже што е овде причина, а што е последица. Затоа прво бараме да се ослободат киднапираните израелски војници и да престанат нападите на Израел. Ние сме уверени дека на либанската влада мора да и се даде целосна поддршка, но таа мора да ги спроведе резолуциите на ОН кои се однесуваат на Јужен Либан. Бараме покрај постоечката мисија на ОН во регионот, да се воведе уште една набљудувачка и безбедносна мисија, која исто така би била под закрила на ОН, “ појасни германската канцеларка.

Учесниците на самитот го коваа и внимателно го смислуваа секое зборче во соопштението – за да може да се земат предвид и ставовите на Русија и на САД. Бидејќи додека Вашингтон и Лондон бараа еднострана осуда на Хамас и Хезболах, Русија и Франција прво бараа прекин на насилствата без оглед на причината за нивниот почеток.

„Вкупно гледано сметам дека ваквиот резултат треба да се поздрави бидејќи лидерите на Г8 јасно ставија до знаење дека нема да дозволиме да се создаде раскол меѓу нас и испраќаме јасна порака и покрај различните ставови по други теми за кои разговаравме овде“, изјави Ангела Меркел.