1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК: Бугарија мора да се бори против корупцијата и криминалот

2 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BAxt

Борбата против корупцијата и нарачаните убиства се области во кои Бугарија треба да ги насочи своите активности, изјави Мајкл Хемфрис, раководител на претставништвото на ЕК во Софија. Според него нарачаните убиства кои се случиле во Бугарија се шокантни и причина за сериозна загриженост. Се бара во следните шест месеци земјата да развие методологија и план на активности кои ќе дадат подобри резултати на тој план. Овие цели стојат и во официјалниот извештај на ЕК за Бугарија и Романија, презентиран минатата недела.