1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доналд Трамп и формално номиниран за претседател

Б.Георгиевски/афп/ап20 јули 2016

Републиканците формално го избраа Доналд Трамп за претседателски кандидат- пресвртен момент во американската политика и неверојатна победа на човек чии претседателски амбиции досега беа отворено исмевани.

https://p.dw.com/p/1JSNy
Фотографија: Reuters/M. Segar

Откако во кампањата прегази 16 партиски ривали и ја надитри тврдоглавата внатрепартиска опозиција, тајкунот најави дека е време „да се оди до крај“ и да се победи демократката Хилари Клинтон на изборите во ноември.

„Ова е движење“, им порача Трамп на делегатите во Кливленд преку видео-линк.

Гласањето на делегатите од сојузните држави кулминираше со изјаснувањето на државата Њујорк чии партиски претставници всушност беа членови на семејството Трамп.

„Чест ми е што токму нашите гласови му носат номинација на Доналд Трамп“, изјави неговиот син Доналд Трамп јуниор.

Трамп и официјално претседателски кандидат

Кога ексцентричниот могул пред 13 месеци ја најави својата кандидатура, малкумина експерти му даваа било каква шанса. Но, неговата кампања ги надмина политичките норми- опфаќајќи расистички политики, навредувајќи ги клучните гласачки блокови, избегнувајќи големи рекламни кампањи и потпирајќи се на медиумското известување, дури и кога не ѝ одеше во корист.

Контроверзи и блокади

Трамп стана претпоставениот кандидат пред речиси два месеци. Но постојаните контроверзи околу неговата реторика и спротивставувањето на анти-Трамп делегатите кои се обидоа да ја спречат номинацијата, му предизвикаа потешкотии.

И во салата каде се одржуваше конвенцијата, победата на Трамп беше далеку од општоприфатена. Многу делегати само учтиво ракоплескаа по изборот, додека неколкумина налутено си заминаа во знак на протест. Неколку држави одбија да испратат делегати.

USA Nominierung von Donald Trump bei der Republikanischen Konvention in Cleveland
Фотографија: Reuters/M. Segar

Кампањата на Трамп ќе се надева дека омразата кон Хилари Клинтон ќе ја обедини партијата.

Демократската кандидатка, сепак не седи со скрстени раце. Клинтон го нарече првиот ден од републиканската конвенција „надреален“ и го спореди со филмот „Волшебникот од Оз“.
„Доколку ја тргнете завесата, тоа е само Доналд Трамп кој нема ништо да му понуди на американскиот народ“, изјави Клинтон.