1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДИК вчера не испратила мислење до Пендаровски

15 мај 2020

Владата треба да најде правен механизам за да ги вгради во правна норма изборните дејства што треба да се повторат, сметаат извори од Комсијата

https://p.dw.com/p/3cFyf
Nord-Mazedonien Wahlkommission
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Иако најави, Државната изборна комисија (ДИК) во текот на вчерашниот ден не доставила мислење до претседателот на државата Стево Пендаровски, во врска со временската рамка потребна за спроведување на изборните дејства, потврдија за ДВ извори од Комисијата. Претседателот завчера имаше средба со членовите на ДИК, токму со цел од Комисијата да се добијат дополнителни информации, кои на партиските лидери треба да им помогнат во одредувањето нов датум за избори. 

„Денсеска (15.5. -н.з) повторно ќе имаме консултации околу текстот на одговорот, и се надеваме дека ќе го испратиме до претседателот“, велат од Комисијата.

Оттаму се воздржани околу причините за неиспраќањето на мислењето, но според ставовите може да се заклучи дека проблемот е во усогласување на ставовите за временската рамка за ажурирање на Избирачкиот список, увидот во него, и кој е надлежен тоа да го нормира. Бидејќи тоа дејство еднаш било завршено, а сега треба да се повтори, нашите соговорници сметаат дека Владата треба да најде правен механизам за тие изборни дејства да ги вгради во правна норма, а не од ДИК да лицитираат со бројката на потребни денови.

Повеќе:

Правен галиматијас пред истекот на вонредната состојба

Со вонредна состојба до вонредни денови за вонредните избори?

Лидерската не донесе изборен датум

Јавната дебата да се води со визии, а не со „бомби“

Во согласност со владината Уредба, претседателот на ДИК на 22-ри март го потпиша заклучокот за прекинување на изборните дејствија и за нивно продолжување по укинувањето на вонредната состојба. Уставниот суд вчера не поведе постапка за владината Уредба со која ДИК беше задолжена да ги запре сите предизборни активности. Тоа значи дека веднаш по завршувањето на вонредната состојба утре, (16.5), доколку не биде прогласен нова, во рок од 22 дена треба да се одржат изборите.

Лажна загриженост

За вонредната состојба денеска во 13 и 30 часот ќе расправа Советот за безбедност, а на седницата покрај постојаните членови на Советот, ќе присуствува д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека Владата ќе побара продолжување на вонредната состојба, но не прецизираше дали ќе се бараат нови 30 денови или помалку. Највата на министерот за здравство за барање за продолжување на вонредната состојба, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју на ТВ „Телма“ ја оцени како политичка одлука. 

„Јас во лекарот Филипче имам доверба. Но, ова е политичко барање. Зошто? Затоа што не можете да зборувате за избори, а истовремено да барате продолжување на вонредната состојба. Тие две работи се контрадикторни (...) Одлуката да се продолжи вонредната состојба не е поради грижата на Филипче и Заев за здравјето на граѓаните и општата здравствена состојба, туку за изнаоѓање можност за уредби за поткуп. Тоа не е коректно прво кон здравствената фела, а потоа и кон граѓанитe“, рече Мицкоски.

Nord-Mazedonien Skopje | Besprechung Coronavirus, Politiker
Меѓу лидерите на политичките партии постои големо разијдување околу датумот на избориФотографија: Cabinet of the President of N. Macedonia

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, ја обвини опозицијата за лажна загриженост.

„Лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за здравствените работници. Сега дополнителната заменик министерка за финансии ги кочи средствата од Светска банка од 90 милиони евра, од кои треба да се исплатат наградите за здравствените работници, и помош за социјално ранливи категории“, потенцираше Костадинов.

Од СДСМ посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да создадат политичка криза, но дека нивната стратегија нема да успее.

„На почетокот Мицкоски се потсмеваше со здравствената закана од коронавирусот, со изјави дека СДСМ посакувала да се случи пандемијата. Мицкоски ширеше лажни вести дека има само 100 тестови за корона, а потоа десетици илјади граѓани се тестираа. Мицкоски лажеше дека има 140.000 работници без работа, а вистината е дека се околу 8.000. Работеше против министерот Филипче и му поднесуваше кривични пријави“, потсетија од СДСМ и порачаа дека нема да дозволат тој да ја одолговлекува целосната функционалност на институциите.

Ако нема избори, да се врати политичката влада

Според извори од партискиот врв, социјалдемократите остануваат на ставот дека парламентарните избори треба да се одржат до крајот на јуни. Во случај да не се постигне договор меѓу партиските лидери за избори во тој период, од СДСМ велат дека тогаш изборите треба да се одржат во редовниот термин на крајот од ноември или во првата недела од декември, а во меѓувреме да се врати политичката влада. Овој став вчера го изнесе и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„За жал, се наоѓаме во една меѓуситуација. Распуштено е Собранието, распишани беа избори, но нè зафати епидемијата со коронавирусот. Сега имаме две опции. Или да одиме на избори ако дозволува епидемиолошката слика, или пак, да не одиме на избори и да ја вратиме на сила политичката Влада. Во моментов имаме Влада која никој не ја контролира“, рече  Шилегов во гостување на ТВ „24“.