Денеска ќе заседава Националниот совет за безбедност на Македонија
31 октомври 2007Реклама
Националниот Совет за безбедност на Македонија денеска треба да одржи седница на која ќе биде разгледана политичко безбедносната ситуација во земјата и во регионот во контекст на преговорите за одредување на идниот статус на Косово . Седницата треба да се одржи во министерството за одбрана на покана на претседателот Бранко Црвенковски. Членови на Советот покрај шефот на државата се и премиерот, претседателот на Собранието, и министрите за одбрана , внатрешни и надворешни работи како и тројца политичари именувани од претседателот на државата. Седницата се одржува по вооружениот напад врз полициската патрола кај Танушевци во кој загина еден а беа повередни двајца полицајци.