Демонстрации и апсења во Москва
14 април 2007Реклама
Руската полиција уапси повеќемина приврзаници на опозицијата, кои денеска во Москва демонстрираа против претседателот Владимир Путин. Меѓу уапсените е и поранешниот светски првак во шах Гари Каспаров, познат како остер критичар на Путин. Апсења на опозиционери имаше и вчера. Таканаречениот “марш на дисидентите” низ центарот на Москва беше забранет од полицијата.