1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голиот Трамп осамна во САД

БГ19 август 2016

Статуи на кои претседателскиот кандидат на републиканците Доналд Трамп е прикажан како „од мајка роден“ осамнаа во повеќе градови низ САД. Дело се на група уметници, а ги нарачал критичар на контроверзниот политичар.

https://p.dw.com/p/1JlUT
Фотографија: Getty Images/S.Platt

Голем стомак, мали прсти и загубени гениталии ги одликуваат статуите на Доналд Трамп кои осамнаа во повеќе американски градови. Уметниците кои ги изработија статуите ги нарекоа „Императорот нема јајца“, а поставени со пет градови. Властите во Њујорк веќе реагираа и ја отстранија статуата затоа што немала дозвола за поставување на јавен простор.


Статуите се дело на активистички колектив наречен „Индеклајн“ составен од актери, музичари и филмски работници.
„Овие инсталации ја претставуваат оваа минлива ноќна мора и наесен, наша желба е да се потсетиме и да се насмееме на неуспешниот и налудничав обид на Доналд Трамп да стане претседател“, се наведува во изјавата на групата.

Голиот Трамп осамна ширум САД