Германска финснсика помош за Македонија
4 април 2007Реклама
Германската влада и додели на Македонија неповратна финансиска помош од еден милион и 500 илјади евра за проектите Преспа парк и наводнување на јужна Вардарска долина. Основна цел на проектот Преспа парк е унапредување на еко системот што го користат трите земји кои го делат преспанското езеро, Македонија, Албанија и Грција, а проектот наводнување на јужната Вардарска долина треба да овозможи квалитетна вода за пиење и наводнување на регион во кој живеат повеќе од 500 илјади жители на Македонија. Германија е најголем донатор на Македонија и досега има одобрено вкупна неповратна финансика помош од над 150 милиони евра.