Генерален штрајк во Израел
21 март 2007Реклама
Во Израел започна генералниот штрајк во јавните служби . Синдикатите со штрајкот протестираат поради неисплатените плати на илјадници вработени во општините во Израел. Од штрајкот најмногу се погодена управата , јавниот превоз и комуналната дејност. Непосредно пред штрајкот пропаднаа преговорите меѓу Сојузот на синдикатите и израелската влада.