Втор круг гласање за избор на шеф на државата во турскиот парламент
24 август 2007Реклама
Во турскиот парламент денеска треба да се одржи вториот изборен круг за наследник на претседателот на државата Ахмед Неџет Сезер . Како фаворит важи министерот за надворешни работи Абдула Ѓул кандидат на владејачката исламско конзервативна партија АКП , но најверојатно тој нема да успее да го освои неопходното дво-третинско мнозинство. Сепак се очекува Ѓул да победи во третиот круг гласање на 28 август кога за изборот е потребносмо просто мнозинство од гласовите на пратениците . Во април инаку поради бојкот на секуларните партии пропадна првиот обид на Ѓул да стане претседател .