Во Мијанмар и натаму владее напнататост
30 септември 2007Реклама
Военото раководство во Мијанмар продолжува со стратегијата на задушување на сите протести против режимот.Според очевидци,во поголемите градови од земјата се испратени дополнителни полициски и армиски единици.По почетните масовни демонстрации,во метрополата Рангун на улиците се само неколку стотици демонстранти.Голем број луѓе се уапсени.Неизвесно е дали мисијата на специјалниот пратеник на ОН Ибрахим Гамбари,кој преговара со воената хунта,ќе доведе до мирно решение на конфликтот.