Велика Британија во борбата против теророт
22 август 2006Реклама
Осум од нив се обвинети за завера и обид за убиство, додека едно 17-годишно момче е обвинето за поседување материјали што можат да послужат за терористички напади.
Шефот на Скотланд јард, Питер Кларк соопшти дека се пронајдени хемикалии, но и видео снимки што укажуваат на терористички заговор:
„Тоа е доказен материјал што потекнува од пред 10. август. Во него има и важен видео и аудио материјал. Овие снимки се нарекуваат маченички видеа. Пронадјовме и опрема за изготвување бомби, вклучувајќи хидроген пероксид, електрични запалки, документи и друго.„
Според извори на Јавното обвинителство во истражен затвор се наоѓаат уште 11 лица против кои можеби ќе биде подигнато обвинение.