Буш во одбрана на новата стратегија за Ирак
12 јануари 2007Двајцата министри продолжија онаму каде што Буш започна претходната ноќ . Тие пред камерите и микрофоните , се обидуваа да придонесат во уверувањето на американската јавност за добрите страни на новата стратегија за Ирак
„ Ирачаните имаат развиено сопствена политичка економска и воена стратегија . И ние само даваме подршка . Меѓу другото со дополнителни 20 илјади војници – истакна шефицата на американската дипломатија Кондолиза Рајс. Нејзинио колега задолжен пак за ресорот одбрана Роберт Гејтс го истакна следново:
Зборот засилување беше сведен само на големината на нашите трупи, кои ќе бидат зголемени. Но всушност сите наши напори ќе бидат засилени , воените и цивилните , американските и ирачките
Но опозициските Демократи и натаму не се убедени од оваа аргументација на администрацијата во Вашингтон.
Да се испратат повеќе војници во граѓанска војна е грешка – коментираше Хери Рид , лидерот на демократското мнозинство во Сенатото:
„ Со тоа што претседателот се одлучи за есскалација на војната , тој ги игнира желбите на американскиот народ, советите на Бејкеровата комисија и на најголемиот број водечки генерали. Тој практично е сосема сам на таа позиција“
Во меѓувреме во поголем број градови во САД , се одржаа протести на противниците на војната во Ирак кои демонстрираа против зголемувањето на бројот на американски војници во оваа земја . За почетокот на јануари се планирани големи демонстрации во Вашингтон.