Британија повлекува дел од трупите во Ирак
21 февруари 2007Повлекувањето на дел од вкупно 7100 војници кои во моментов се присутни во Ирак ќе започне во текот на наредните неколку недели. Британскиот премиер Тони Блер најави дека во првата фаза ќе се повлечат 1600 војници, а не е исклучено до крајот на годинава да се повлечат и дополнителни 500. Блер инсистира британските сили да останат во состојба на готовност во регионот на градот Басра, каде контролата ќе ја преземат ирачките сили за безбедност.
“ Мораме да бидеме сигурни дека таму ќе останат британски сили кои ќе бидат подготвени да им помогнат на ирачките доколку се појават специфични проблеми“
Тони Блер претходно за планот го информираше и американскиот претседател Џорџ Буш. Портпарол на Белата Куќа соопшти дека Буш го оценил повлекувањето како успех на целокупната стратегија околу Ирак.