1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бенон ги ублажува своите изјави, но само малку

ЕМФ /агенции
8 јануари 2018

Поранешниот советник на американскиот претседател, Стив Бенон, по возбудата околу анти-Трамп книгата „Оган и бес“, изрази жалење. За што всушност жали Бенон и зошто?

https://p.dw.com/p/2qU7B
Steve Bannon
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Anderson

Стив Бенон, поранешен главен стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, се извини за ефектите од своите изјави, цитирани во книгата „Оган и бес“. Во изјава објавена на интернет страницата Аксиос тој тврди дека му дава „цврста поддршка“ на американскиот претседател и неговата агенда. Посебно го фали синот на Трамп, Доналд џуниор. Меѓутоа, Бенон не ги негира изјавите дадени за авторот на книгата Мајкл Волф.

Книгата „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“, која брзо се распродаде во многу земји во светот, авторот Волф го цитира Бенон, кој обвинува дека најстариот син на Трамп се однесувал „предавнички“ и „непатриотски“ поради тоа што во јуни 2016 година се сретнал со руската адвокатка Наталија Везелницкаја. Во текот на тој разговор е можно да станувало збор за компромитирачки материјал за ривалката на Трамп, Хилари Клинтон. На средбата во Трамп Тауер во Њујорк учествувале и зетот на Трамп, Џеред Кушнер и тогашниот шеф на изборниот штаб на Трамп, Пол Менафорт.

Повеќе на темата:

Трамп: Јас сум гениј, а „Оган и бес“ е здодевна и невистинита книга

Трамп против Бенон: Крај на чудовиштето Франкенштајн?

Бенон за средбата во Трамп Тауер во книгата „Оган и бес“ вели дека била „лошо ѓубре“. Тој, меѓутоа, сега нагласува дека критичките забелешки биле упатени кон Менафорт, а не против Трамп џуниор. Менафорт, според него, би требало да знае како оперираат Русите и дека тие не се пријатели на САД. Доналд Трамп џуниор, пак, е „патриот и добар човек“, вели Бенон. Тој му давал поддршка на својот татко и на „агендата која придонесе за пресврт во нашата земја“.

Donald Trump und Stephen Bannon
Трамп и Бенон на средба во Белата куќа во јануари 2017 година (архива)Фотографија: picture alliance/AP/dpa/E. Vucci

Контактите со Русија на изборниот штаб на Трамп се во средиштето на истрагата на специјалниот иследник Роберт Милер. Критичарите сметаат дека истрагата би можела да доведе до крај на претседателствувањето на Трамп. Во суштина, се работи за прашањето дали меѓу таборот на Трамп и Русија имало некакви договори, односно влијание врз изборите.

Американскиот претседател по објавувањето на цитатите од книгата „Оган и бес“ рече дека Бенон нема „ништо со мене или со моето претседателствување“. „Кога беше отпуштен не само што ја загуби работата, туку и разумот“, оцени Трамп.