Аргентина и Бразил финалисти во Копа Америка
12 јули 2007Реклама
Аргентина е вториот финалист на Копа Америка. Аргентинските фудбалери синоќа го победија Мексико со 3:0. Аргентина во финалето ќе игра со Бразил, кој претходно го победи Уругвај на пенали со 5:4, откако мечот во регуларниот дел заврши нерешено со 2:2.