1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Фотографија на денот: Ураганот „Дориан“ носи пустош и страв

2 септември 2019

Со брзина на ветрот од речиси 300 километри на час ураганот „Дориан“ го погоди северот на Бахамите и се движи кон американската сојузна држава Флорида.

https://p.dw.com/p/3Orjk
BdTD Hurricane Dorian Kuchen neu
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Edelman

Првите телевизиски снимки од островската група Бахами покажуваат пустош - однесени покриви на куќите, откорнати дрвја и драматични поплави. Ова е најсилниот ураган кој ја погодил островската држава со околу 400.000 жители во последните стотина години, тој прерасна во петта категорија.

Во американските сојузни држави на источниот брег е издадено предупредување поради ураганот, а во Јужна Каролина наредба за евакуација на 800.000 луѓе.

Жителите на Флорида уште треперат и не знаат дали ураганот ќе го промени правецот и ќе ги одмине или ќе ослабее. Но најважно е да се задржи оптимизмот. Така во една пекарница во Холивуд бич, недалеку од Мајами, решиле да го направат „Дориан“ во форма на торта - на нашата #ФотографијаНаДенот. Така  делува помалку опасно, и е повкусен.