1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рекордно голем Бундестаг

СН/агенции
27 септември 2021

Германија по вчерашните избори доби нов парламентарен состав. Новиот Бундестаг ќе има рекорден број пратеници.

https://p.dw.com/p/40uXd
Deutschland Plenarsaal des Bundestags
Фотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Како што соопшти германската Сојузна изборна комисија, при објавувањето на привремените официјални резултати од изборите, утрината во 6 часот новоизбраниот парламент ќе брои 735  пратеници. Во досегашниот состав на Бундестагот имаше 709. И тоа имено веќе беше рекорд. 

Infografik BTW21 Wahlergebnis MK 0502

Во дваесетиот состав на Бундестагот, според прелиминарните изборни резултати, партиите ќе го имаат следниот број мандати односно пратеници.

СПД - 206

ЦДУ/ЦСУ - 196

Зелените - 118

ФДП - 92

АфД - 83

Левица - 39

ССВ - 1

Во Бундестагот со еден мандат влегува партијата на националното малцинство Здружение на јужен Шлезвиг (ССВ) за која не важи прагот од 5 отсто.

Излезеноста на избирачите беше 76,6 отсто. Делот со неважечки други гласови изнесува 0,9 насто, а делот на неважечки први гласови 1,1 отсто.

Конечните резултати Сојузната изборна комисија веројатно ќе ги објави на јавното заседание на Бундестагот на 15 октомври.