Почнува ракометниот мундијал со учество на Македонија
13 јануари 2021Никогаш порано немало толку многу дискусии за и против одржувањето на ракометниот мундијал. Причината за ова е секако глобалната пандемија на коронавирусот, што го прави исклучително тешко одржувањето на вакви големи спортски настани со 32 тима. Првенството започнува денеска со натпреварот на домаќинот Египет против Чиле.
Но, уште пред првиот натпревар, пандемијата „дивееше“ низ полето на учесници. Поради бројните позитивни резултати од тестовите на коронавирусот, и Чешка и САД ги повлекоа своите тимови на еден ден пред почетокот на Светското првенство. Северна Македонија и Швајцарија ги зазедоа нивните места во мундијалските групи. За македонската репрезентација ова значи континуитет во настапите на ракометните мундијали. Предводени од капитенот Кире Лазаров ракометарите веќе утре ќе го играат првиот меч против Шведска во групата во која се уште и домаќинот Египет и Чиле.